Don't Miss
Home / Uncategorized / Сеуште активни свлечиштата на патот Ресен-Битола-Прилеп

Сеуште активни свлечиштата на патот Ресен-Битола-Прилеп

Близу еден месец не мируваат двете свлечишта во близина на ромската населба на магистралниот пат Ресен-Битола- Прилеп. Со мали исклучоци патниот правец во континуитет е затворен за сообраќај.

По направениот увид експертите од Градежниот факултет порачаа да се изготви проект базиран на геодетски подлоги. Засега патот се одржува преку времени мерки од страна на “Македонија пат“.
Од “Македонија пат” велат дека досега се отстранети 1.200 метри кубни земја и камен.
По направениот увид експертите од скопоскиот градежен факултет ги испратија препораките за трајно решавање на проблемот.

-Неодамна на лице место бевме со деканот и неколку други експерти од Градежниот факултет, деновиве ги испатија препораките во кои посочуваат изготвување на проект кој ќе биде базиран од направените истражни геодетски подлоги”, вели раководителот на битолската подружница на Македонија пат, Веселинчо Спасевски.

Дотогаш безбедноста ќе се обезбедува преку континуираите времени мерки и поставување на доплнителна сигнализација, по ставањето во сообраќајна функција на овој дел од делницата.

Во меѓувреме додека сеуште постои опасноста од нови одрони, надлежните апелираат до возачите да бидат крајно внимателни.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*