Don't Miss
Home / Македонија / Терористи од Косово ја нападнаа караулата во Гошинце

Терористи од Косово ја нападнаа караулата во Гошинце

Караулата Гошинце синоќа околу 2:40 часот по полноќ беше цел на терористички напад.

Нападот го извршиле четириесетина маскирани и добро вооружени лица, кои носеле униформи со ознаки на УЧК.

Ова го соопшти помошник- министерот за односи со јавност на МВР, Иво Котевски на денешната прес конференција.

Како што појасни тој, униформираните и маскирани лица меѓу себе говореле на албански јазик, а во караулата заробиле четворица вработени. Тројца од нив ги врзале со лисици, започнале да ги удираат, а еден од напаѓачите извадил мобилен и снимал.

Лидерот на напаѓачите преку преведувач, кој зборувал лош македонски со додавка на србизми им се обратил на вработените:

„Ние сме од УЧК, ниту Ахмети ниту Груевски не можат да ве спасат. Сакаме наша држава, не сакаме никаков Охридски договор“.

Вооружените лица им се заканиле на вработените дека доколку се вратат и повторно ги затекнат во караулата ќе ги убијат. Им дале рок од половина час да ја напуштат караулата.

Еден од вработените кој не бил врзан успеал да дојде до клучот и да ги ослободи останатите колеги.

Тие тргнеле пеш, а им биле земени оружјето и мобилните телефони. Додека пешачеле слушнале истрел од долг рафал. Според МВР, напаѓачите најверојатно се државјани за Косово.

Од МВР информираат дека сеуште се работи на расветлување на случајот.

 

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*