Во рамките на трилатералната соработка на регионалните Стопански комори на Битола, Лерин и Унијата на Стопански комори од Албанија, денеска во Битола се одржа бизнис форум за прекугранична соработка.
На бизнис форумот стопанствениците од регионите на овие три земји разменија искуства за подобра прекугранична соработка.
Во рамките на овој проект беа разменети искуства за подобро запознавање на стопанските субјекти од трите региони, како и поврзување на економски план.
На бизнис форумот неколку битолски компании се претставија со нивните палети на производи, а стопанствениците од регионалните стопански комоти на Битола, Лерин и Албанија разменија искуства за нивно поврзување на стопански план како и заедничко аплицирање со проекти во Европската Унија.
Б.В.