Во присуство на градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, свештено лице и месното население беше означен стартот со изградбата на капелата во црквата Свети Атанасиј во Новаци.
-Овој објект кој денес започнуваме да го градиме е на барање на населението и ќе биде од особено значење за Новаци, затоа што е неопходен според најновите закони а досега немавме такво место. Капелата за еден месец ќе биде изградена до карабина а потоа ќе следува финиширање на изградбата со внатрешно уредување. Веќе изградивме таков објект во село Гермијан и понатаму ќе градиме секаде каде ќе има потреба за тоа – рече градоначалникот Котевски.
Капелата во село Новаци чини 1.100.000 денари додека во с.Гермијан 573.000 денари.
Средствата се обезбедени од буџетот на општината.
Б.В.