Don't Miss
Home / Uncategorized / Почина Димитар Димитровски-Такец

Почина Димитар Димитровски-Такец

Денеска рано изутрина, околу 9 часот, во Битола почина Димитар Димитровски – Такец, доајен на битолското и македонското новинарство.

Тој беше еден од првата генерација битолски новинари којшто во 1964 година учествуваше во подготовката на првиот број на Битолски весник.

Димитар Димитровски- Такец доајен во новинарството

Димитар Димитровски- Такец доајен во новинарството

Димитровски почина во 93-та година од животот.

Освен со новинарство, Такец се занимаваше и со пишување поезија, сликарство, а беше познат  и по компонирањето на голем број песни.

Погребот на Димитар Димитровски-Такец ќе се одржи утре на Буковските гробишта во Битола.

Димитар Димитровски- Такец беше добитник на највиското признание на “Битолски весник“ за животно дело.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*