Home / Uncategorized / Чесност на дело: Битолчанец пронашол и вратил поголема сума пари

Чесност на дело: Битолчанец пронашол и вратил поголема сума пари

СВР-Битола денеска соопшти и јавно му честиташе за постапката на битолчанец кој во текот на вчерашниот ден пронашол, пријавил и вратил поголема сума парични средства.

Магадалена Димитровска, советник за односи со јавност во СВР-Битола, информираше дека во текот на вчерашниот ден битолчанецот пронашол паричник во кој имало 7.300 денари, 510 евра, 200 австралиски долари и дебитна картица од странска банка.

– После пријавата, полициски службеници од полициската станица „Битола“ го пронајдоа лицето кое ги изгубило предметите и паричните срдства и тие му беа вратени. Во оваа прилика СВР – Битола ја поздравува постапката и изразува јавна благодарност на пријавителот. Воедно апелираме на сите граѓани да го следат неговиот пример и да пријавуваат пронајдени  изгубени предмети, посочи Димитровска.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*