Don't Miss
Home / Македонија / Мирен протест за поддршка на безбедносните сили во Битола

Мирен протест за поддршка на безбедносните сили во Битола

Неколку илјади битолчани, вечерва им дадоа безрезервна поддршка на македонската полиција, која учествувaше во елиминирањето на терористичката група во Куманово.

zname 1  zname 3

Мирниот протест, кој се одржа во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија започна од пред Заводот и Музеј Битола.

zname 4  zname 9
Учесниците на протетсот покрај организаторите ги поведе и градоначалникот на Битола д-р Владимир Талески, а на протестот учествуваше и владиката Петар.
Колоната од неколку илјади битолчани се движеше по Широк Сокак , се до споменикот на паднатите бранители “ Ангел” пред Градскиот часовник.

 

zname 10  zname 11

-Некои сакаат да го вратат сеништето на минатото и Македонија повторно да ја втурнат во воен конфликт. Ние им даваме целосна поддршка на македонските безбедносни сили кои храбро им се спротистави на злогласната терористичка група во Куманово, која сакаше да ја дестабилизира Македонија, рекоа учесниците на мирниот протест.
Протестот кој се одвиваше во мирна и достоинствена атмосфера заврши пред споменикот на бранителите “Ангел “ каде симболично на еден припадник на македонската полиција организаторот му подари македонско знаме.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*