Don't Miss
Home / Македонија / Кои се новите предлог-министри?

Кои се новите предлог-министри?

Многу брзо по синоќешните оставки, премиерот Никола Груевски предлага нови имиња, а за денеска во 13 часот веќе е закажана и собраниска седница за изборо на новите министри.

Митко Чавков е предлогот за нов министер за внатрешни работи на местото на Гордана Јанкулоска. Чавков од мај 2013 е директор на Бирото за јавна безбедност, а претходно беше шеф на Одделението за борба против организиран криминал при МВР и раководеше со Централните полициски сили. Тој е од Струмица и има долга кариера во полицијата.

Владо Мисајловски е предлогот на премиерот за замена на досегашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Тој од февруари 2015 година е директр на ЈП за Државни патишта, претходно беше Државен секретар во Министерството за транспорт и врски

Мисајловски дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни  односи, отсек дипломатија и меѓународна политика. Кариерата ја почнал како вработен во приватна фирма за трговија на стоки, по што влегува во кабинетот на претседателот на Собранието, како помлад соработник за меѓународна политика. Едно време е државен секретар во Министерството за надворешни работи, а потоа државен секретар и во Министерството за транспорт и врски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*