Don't Miss
Home / Политика / Заев: Немам што да кријам, барам да се објави снимката во целост

Заев: Немам што да кријам, барам да се објави снимката во целост

Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да ја објави целосната снимка. На неа ќе се види дека средствата за кои станува збор се однесуваат за градежни материјали за изградба на црквата бетон, железо и други градежни материјали, изјави Зоран Заев, претседателот на СДСМ по појавувањето на видео снимка на која наводно се гледа како струмичкиот градоначалник бара пари за средување на некои локации за градба.

– Соочен со сопствениот очај, со цел да ја спаси својата кожа, Никола Груевски повторно ги крши Уставот и законите. Денес сме сведоци на уште едно незаконско објавување на дел од снимка добиена како посебна истражна мерка. Оваа снимка единствено можела да протече во јавноста од Јавното обвинителство или Министерството за внатрешни работи- рече лидерот на најголемата опозициска партија.

Заев истакна дека изградбата на соборниот храм во Струмица се изведува преку донации од фирми и граѓани и тоа преку донација на сметка на храмот, преку купување на градежни материјали за изградба на храмот и нивно донирање и преку донирање готови пари за купување на градежни материјали.

– Во прилог ќе добите цеде со моја изјава како го објаснувам начинот на финансирање на изградба на црквата и записникот за пријавување на обидот за поткуп и поднесената кривична пријава против Иван Николов. Протекувањето на оваа и другите снимки набавени со ПИМ мерки во јавноста, е само уште еден аргумент дека Марко Зврлевски, Јован Илиевски и нивниот наредбодавател Никола Груевски, веднаш треба да поднесат оставки- порача Заев.

Според него, со овој потег, Никола Груевски признава дека нема никаков аргумент во случајот за поткуп.

– Со овој потег, Никола Груевски ја искомпромитира оваа снимка и таа повеќе не може да се користи во конструинираната судската постапка. Јас немам што да кријам и затоа барам снимката веднаш да биде објавена во целост- порача Заев.

 

 

Извор: Нова Македонија

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*