Don't Miss
Home / Uncategorized / Во Битола пронајдени 24 авионски бомби од Првата светска војна

Во Битола пронајдени 24 авионски бомби од Првата светска војна

Пиротехничарот Ѓорги Стефанов вчера пријавил дека подигнал 24 неексплодирани авионски бомби со потекло од Првата светска војна во „Битолска суровина” кај Железничката станица во Битола.

Бомбите биле пронајдени при менување на водоводни цевки од страна на работници во ЈП Водовод.

Во Битола вчера и на друго место биле пронајдени неексплодирани бомби. Зоран Пауновски од селото Кажани прјавил дека при изведување на работи во неговиот двор, пронашол една неексплодирана рачна офанзивна бомба со потекло од Втората светска војна и една неексплодирана артилериска бомба со потекло од Првата светска војна.

Од страна на пиротехничар од ДЗС-Битола, бомбите се подигнати за понатамошна постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*