Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола го објави конкурсот за упис на студенти во прва година за академската 2015-2016 година.
Од Ректоратот на Универзитетот во Битола информираат дека годинава ќе може да се запишат 3.803 студенти, од кои 2.090 редовни студенти во државна квота, 965 за студирање со кофинансирање и 748 вонредни студенти.
Најмногу студенти 660, ќе може да се запишат на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола, 520 ќе може да се запишат на Техничкиот факултет-Битола, на Економскиот факултет-Прилеп огласени ќе бидат 475 места, а на Факултетот за туризам и угостителство оваа година ќе може да се запишат 385 студенти.
Според огласот, на Педагошки факултет-Битола ќе може да се запишат 110 студенти, на Правен факултет-Кичево 420, Факултет за безбедност-Скопје 360, Технолошко-технички факултет-Велес 290, Висока медицинска школа ќе може да запише 278, Факултетот за Биотехнички науки 260 и Ветеринарниот факултет со 45 студенти.
Првиот уписен рок ќе биде организиран на 12, 13 и 14 август, а предвидени се втор и трет уписен рок за универзитетските единици каде тоа ќе биде потребно, потврдуваат од Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.
Б.В.