Од СВР- Битола ја информираат јавноста дека по повод верскиот празник Архангел ,утре заради зголемена фреквенција и движење на луѓе и возила на тој реон околу црквата, од страна на сообраќајната полиција во попладневните и вечерните часови ќе има пренасочување на возилата по околните улици.
Со цел безбедно одвивање на сообраќајот се замолуваат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, а воедно и почитување на сообраќајната сигнализација, апелираат од Секторот за внатрешни работи од Битола.
Б.В.