Синоќа античкиот театар Хераклеја буквално “гореше“ од позитивна атмосфера, одлична музика, многу емоции и спектаклот што на својата неколкуилјадна публика, дома, на битолчани им го приреди најпопуларната музичка поп дива Каролина Гочева.
Со беспрекорен стајлинг и совршена интерпретација, публиката имаше можност да ужива во изведбите на мега популарните песни од нејзиниот албум “Македонско девојче 2“, но и во многуте хитови на омилената македонска поп изведувачка.
Каролина ја раснежни публиката која секогаш се радува кога нивната миленичка настапува во родната Битола.
Вечерва Каролина Гочева ќе одржи концерт во античкиот локалитет во Охрид.
Б.В.