Don't Miss
Home / Uncategorized / Талески: Во Општина Битола нема криминал

Талески: Во Општина Битола нема криминал

Веднаш по прес-конференцијата на специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, по повод почетокот на  истражната постапка за случајот “Транспортер“, прес-конференција одржа градоначалникот Владимир Талески, кој  отворањето на случајот за него и за другите инволвирани во оваа афера ги слушна на патот од Скопје за Битола.

-Неаргументирани изјави, лаги и дезинформации денеска беа изнесени на прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство.

Вака градоначалникот на Општината Битола, на прес- конференција ги отфрли сите обвинувања изнесени од страна на Специјалното јавно обвинителство во врска со процесот на организирање на бесплатниот превоз на учениците во Општината Битола.

-Во моментот кога Општина Битола доби надлежност да спроведува групна јавна набавка за слободен превоз на ученици, тоа беше во еден меѓупериод за време на полугодие и ние со сог-ласност на сите директори на училиштата, направивме групна јавна набавка, со што сите се со-гласија и извршивме законско спроведување на Законот за јавни набавки.

На прес-конференцијата  во СЈО беше изнесена невистина дека до нас наводно доаѓале фа-ктури и налози коишто ние сме ги прифаќале, сме ги потпишувале, а истото тоа го правеле и директорите на училиштата – што е ноторна лага, рече Талески и додаде:

-Според законот, ова финансирање се одвива на следниот начин: до Општината доаѓаат блок-дотации коишто Општината ги трансферира до училиштата, а училиштата коишто заедно со нас како носители на групната јавна набавка, заедно со превозниците имаат договор кој што е потпишан и оттука натаму тие се посебен правен субјект и целото плаќање го прават тие.          Групната јавна набавка ја направивме врз основа на податоците кои ни ги доставија училиштата и тука нема ништо спорно, како што нема ништо спорно во целата постапка. Со денешната прес-конференција на СЈО воочивме дека оваа институција бескрајно многу не уважува како важен субјект, рече градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.

Ове не е прв пат СЈО да изнесува невистини за Општина Битола. Прес-конференцијата доаѓа неколку седмици по обвинувањето дека СЈО се соочило со затвореност на Општина Битола, односно одбивање на соработка. Напротив, обвинителството имаше увид во целата документација која ја побара од Општината:

-Прес-конференцијата на СЈО беше бескрајно тенденциозна, без аргументи. Нема ниту еден правен аргумент против нас. Тоа го тврдам пред сите наши граѓани, пред сите нив и пред целата јавност. Најодговорно тврдам: Ниту сме барале аболиција, ниту ни треба. Ние работиме законски и во сите постапки кои планираат да ги спроведат ќе го потврдиме истото, изјави градоначалникот Талески.

Градоначалникот Талески уште еднаш потсети дека и неговиот имот е законски стекнат и истиот е пријавен во Државната комисија за спречување на корупција.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*