Денеска, на 9 мај, 2016 год. се навршија точно пет години, кога во Битола падна највисоката премија на Лотарија на Македонија во износ од 370.000 евра.
Среќниот добитник уплатното ливче тогаш го уплати во дуќанот на Гината, кај Шехерезада.
Но иако од денот кога во Битола падна највисоката премија, досега среќниот добитник сеуште не е јавен и не е познат, не само за битолската, туку и за македонската јавност.
Тој остана непознат и за најголемиот број вработени во Лотарија на Македонија, како и за сопствeникот на дуќанот Гината.
Инаку дента кога беше познато дека во Битола падна премијата се шпекулираше со неколку имина.
Но од сите тие, кои тогаш се вртеа во јавноста никој не се јави.
Б.В.