Од „Македонски железници“ информираат дека од почетокот на јуни, на релацијата Скопје – Битола и обратно ќе сообраќаат седум линии.
Покрај постојните, ќе се воведат и нови возови, па така вкупно ќе има три патнички и четири експресни гарнитури, кои ќе сообраќаат на секои два до три часа.
Секој четврток, возовите бесплатно може да ги користат студентите, секој трет викенд во месецот е бесплатен за младите до 28 години, додека пензионерите бесплатно може да се возат секој втор викенд во месецот.