Секторот за внатрешни работи Битола, поточно Отсекот за превенција издаде препораки за безбедно прославување на матурските прослави.
-СВР Битола им ги честита матурите на генерацијата матуранти 2015-2016 година. Со цел достоинствено прославување на матурските вечери, без безбедносни последици им препорачуваме, да не користитат алкохол и дрога, да не управуваат моторни возила без положен возачки испит или под дејство на алкохол и дрога, да избегнуваат кавги,расправии и тепачки, да не употребуваат огнено оружје и пиротехнички средства. Потребно е да ги почитуваат законите, бидејќи за безбедноста на сите секој е одговорен- стои во препораките од СВР Битола а се однесуваат на матурските прослави во Битола.
Б.В.