Don't Miss
Home / Култура / Претставата “Слугинки“ на сцената на Интимниот театар во Битола

Претставата “Слугинки“ на сцената на Интимниот театар во Битола

Синоќа, на младинската сцена при Интимниот  театар во  Битола се одигра претставата „Слугинки”  која ја изведоа  битолски актерки:  Ана Жежовска, Симеона Павловска и Симона Овезовска.

Претставата е по текстови од Жан Жене и Ева Енслер, а во режија на Димитар Шутевски.

-“Слугинки“  е претстава која што  зборува за бунтот и крикот на младата генерација која се соочува со низа на проблеми и конфликти меѓу луѓето во време кога светскиот капитал е репер за моќ и по инерција сме принудени да бидеме компромисни за компромис. Исплашени сме и не се осмелуваме да ја прескокнеме рампата и да се спротиставиме. Според ова се потврдува дека се губи средната класа денес и сите ние или сме во улога на господари или сме во улога на слуги. Но тоа се враќа како бумеранг и затоа ние и живееме дури на границата меѓу слугите и господарите-вели режисерот Димитар Шутевски.

Ова за нас е идеална прилика да го кажеме она што го чувствуваме  во моментот како млади луѓе, да бидеме храбри и да бидеме во исто време јасни, гласни и конструктивни со она што ќе го зборуваме, истакнуваат трите актерки во претставата.

-Ова е можност  да ги преживееме тие ситуации уште еднаш и од нашите лични проблеми да создадеме квалитетно уметничко дело. Симона со својата умереност ќе не убеди за момент да излеземе од удобната зона и да се спротиставиме на работите околу нас, Ана ќе не натера многу гласно да зборуваме за нашите проблеми, а Симеона ќе иницира да бидеме дрски кон оние кои се обидуваат да бидат над нас- истакнуваат актерките во претставата “Слугинки“ поставена на младинската сцена на Интимниот театар во Битола.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*