Don't Miss
Home / Градска хроника / Општина Новаци на Генерално собрание на “АЛДА“ во Франција

Општина Новаци на Генерално собрание на “АЛДА“ во Франција

Двочлена делегација на општина Новаци во периодот 11-14 мај претстојуваше во Париз, Франција каде во Министерството за надворешни работи на Република Франција се одржуваше Генерално собрание на интернационалната мрежа на организации АЛДА чиј член е и општина Новаци.

Собранието го отвори староновиот претседател Ориано Отокан и генералниот секретар на АЛДА Антонела Валморбида, а се обрати и Жан Клод Фрекон кој е претседател на Конгресот на локалните и регионални власти во Советот на Европа.

На Генералното собрание беа присутни над 200 членови на “АЛДА“ , при што се  бираа од кандидираните 16 лица, 12 членови на Управниот одбор како и избор на претседател.

На состанокот беше презентирана досегашната работа на организацијата која постои повеќе од 15 години за да прерасне во интернационална мрежа со буџет од околу 5 милиони евра на годишно ниво.

13254362_1300853546609093_4416239206630055080_n

Вториот ден од генералното собрание беше претставена платформата АФЦЦРЕ, проектите на АЛДА во Еразмус плус програмата, ЛАДДЕР проектот, беа презентирани идните планови и активности.

АЛДА – Европската асоцијација  за локална демократија  е организација  која е посветена  на промоција на доброто владеење и граѓанско учество на локално ниво.

Постои од 1999 година а денес брои над 200 активни членови. Присутна е во 40 земји во светот со 11 канцеларии од кои една е во Скопје со која општина Новаци го спроведува проектот „ Валоризација на културното наследство од Прва светска војна на територијата на општина Новаци” од Програмата за децентрализирана соработка Македонија – Нормандија.

Се планира отворање  на нови три канцеларии.  Директна корист од проектите и работењето на “АЛДА“  имаат околу 25 милиони луѓе ширум светот.

 

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*