Don't Miss
Home / Култура / Бројни културни настани на “Културно лето Новаци 2016“

Бројни културни настани на “Културно лето Новаци 2016“

Во Општина Новаци, под покровителство на локалната самоуправа и првиот човек, градо-началникот Лазар Котевски,  и Министерството за култура на Република Македонија,  четврта година по ред се одржува културната манифестација “Културно лето Новаци 2016“, на задоволство на жителите и гостите од земјата и странство кои доаѓаат за летните одмори во татковината.

На отворениот конкурс   што претходно  го распиша Општина Новаци и Културно-иновативниот клуб се пријавија повеќе од четириесетина учесници со апликации од сите дејности на културата.

-По селектирањето,  десетина апликации влегоа во програмата на манифестацијата и беа поддржани од Министерството за култура во рамки на летната културна манифестација “Топол културен бран 2016 година“.  Публиката на годинашното културно лето во Општина Новаци (ќе) има можност да проследи литературни настани, фолклорни, музичко-сценски, етно-настани и бројни други културни случувања кои влегоа во официјалната програма – информираше, Елизабета Јончиќ,  претседател на фестивалската  комисија и координатор на манифестацијата “Културно лето Новаци 2016“.

13501748_1337032019657912_1116639261899131321_n

“Културното лето Новаци 2016“ започна со настанот    “Фолклорна балканијада“ и концертот на културно-уметнички друштва и ансамбли од Србија, Бугарија, Црна Гора и Македонија.

Концертот  “Фолклорна балканијада“  го организираше Ансамблот за фолклор “Гоце Делчев“ од Битола во рамките на манифестацијата “Гоцеви денови“.

На концертот  учествуваа КУД “Љубомир Иванович- Геџа“- Ковачевац , Република Србија, КУД “Захумље“ од Никшиќ, Црна Гора, Ансамблот  кон народна заедница центар “Димитар Благоев 1925“ – град Добриниште, Република Бугарија,  КУД “Новаци“ од Новаци и АФ “Гоце Делчев“ од Битола.

Од друга страна, за сите љубителите на хип-хоп културата и сите нејзини елементи визуелно и преку танц, Здружението  за урбани култури, уметности и спортови “Урбана унија“ од  Битола подготви забава за младите  со ди-џеј Неокс и Андреј Ѓошев.

13557770_1337032246324556_1181175093197302249_n

За сите вљубеници во класичната музика, заеднички концерт на класична музика во рамки на “Културното лето Новаци 2016“, подготвија Злата Тошевска- сопран, Марко Димовски- баритон, Доминика Робе- пијанист  со внимателно одбрана програма од класичниот репертоар (познати и популарни арии, соло песни, наполитански песни и дуети) прилагодени за секој тип на публика.

Пламенка Трајковска од друга страна за публиката подготви  композиции со латино теми, и македонски традиционални композиции.

Концертот  има анимациски елементи и текстуален дел со цел на публиката да и се  доближи  класичната музика.

Манифестацијата “Книжевни паметења“  е меѓународна книжевна манифестација која се одржува во овој регион.

На неа, авторите гости, читаат фрагменти од свои дела, а ќе се отвори и дебата на тема: “Литературата како космополитизам кај нас и во Европа“.

На манифестацијта учество ќе земат автори од земјата и странство.

13626404_1337032789657835_5605755147288067399_n

“Културното лето Новаци 2016“  даде поддршка за организирање на едукативно-креативна работилница “Моделираме рециклираме“ каде што децата ќе се едуцираат преку  игра, на начин најлесен за нив.

Вредните детски раце ќе изработуваат модели, предмети од пластелин изработен на природен начин,  макети и мозаици, разни предмети од рециклиран материјал.

Учесници со околу 40 деца од Гермијан и Агларци.

Публиката воедно ќе има можност да проследи Етно илинденски концерт на Здружението  за заштита на културното и природното наследство на Мариово “Неотоп“ со етно-музика песни и ора.

Секоја година на Илинден се одржува етно-концерт со една единствена цел,  зачувување на културното наследство, односно  заживување и чување од заборав на народната песна испеана од маките и патешествијата на македонскиот народ.

Настапуваат КУД “Рудина“ реномирана група којашто со години ја негува народната музика со специфични инструменти: кавал, гајда, тапан, тарабука, мандолината и др.

КУД “Пенка Котеска“  и  солистите Стево Мегленски и  Мита Петкоска, кои ја негуваат етно музиката со долгогодишно искуство и освоени бројни  многу награди и признанија .

За љубителите на театарската уметност, во рамките на “Културно лето Новаци 2016“, театарот “Дел арте“ од Битола приредува  комично шоу збогатено со стенд-ап скечеви и музика “Празни муабети“.

Воедно ќе се одржи и театарска претстава за деца “1100 години Учителот“ на Културно-иновативниот клуб од  Новаци.

Во рамки на Музичко-танцовиот  хепенинг, “Модерни танци во рурални средини“, ќе бидат претставени  латино-американските, стандардните и карипските танци преку танц перформанси, кореографија, костимографија и песна на Танцовиот  спортски клуб “Експоуз“ од  Битола.

Годинашното “Културно лето Новаци 2016“, ќе биде заокружено со голем концерт на македонската етно група “Синтезис“.

 

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*