Don't Miss
Home / Македонија / До 31 август треба да се создадат услови за избори

До 31 август треба да се создадат услови за избори

Политичките партии ги очекува жешко работно лето, со оглед на тоа што со вчерашниот договор е утврдено до 31 август да се исполнат сите услови за одржување избори.

Тогаш лидерите повторно ќе се сретнат и ќе ја дадат својата оцена.

Неофицијално како датум за избори се споменува 11 декември.

Според договорот, 100 дена пред изборите ќе биде формирана преодната влада. Изборниот законик треба да се измени до 22 јули.

ДИК ќе го објави списокот на 39.500 спорни гласачи, чија проверка ќе трае 25 дена. Оние што нема да се потврдат во тој рок, ќе бидат избришани.

Дополнително, 170.000 лица ќе бидат издвоени на посебен извод од избирачкиот список.

Во однос на преодната влада, договорено е бројот на именувања на раководни лица во МВР да се ограничи на 15 по вертикала и на 10 отсто по хоризонтала, за што согласност ќе треба да даде и Владата.

Мандатот на министрите и на дополнителните заменици ќе заврши кога ДИК ќе ги објави конечните резултати. Примената на Законот за внатрешни работи, пак, се одложува до 1 јануари 2017 година.

Партиите потпишаа и дека ќе го поддржуваат Специјалното јавно обвинителство. Доколку Уставниот суд го укине, СЈО повторно ќе биде воспоставено во рок од пет дена, одноно законската регулатива ќе биде приспособена за да биде вратено.

Во однос на медиумите и нивното избалансирано известување во предизборниот период, треба да се формира ад-хок тело од пет члена за набљудување на медиумите во рок од 30 дена. Казните за медиумите ќе се намалат за 50 отсто, а нема да има казни за изразено мислење. Сто дена пред избори СДСМ ќе го именува главниот уредник во МРТВ, а ќе функционира и канал на албански јазик на МРТВ, кој ќе работи 24/7.

 

 

 

Извор Нова Македонија 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*