Малопродажните цени на бензините се намалија за 1,5 денари, а на дизелот за 2 денари.
Новата цена на „евросупер БС-95“ изнесува 59,50 денари за литар, а на „евросупер БС-98“ е 61,50 денари за литар, а дизелот се продава по 46 денари за литар.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, намалувањето се должи на падот на цените на нафтата на светските берзи.