Вчера околу 13,40 часот во Битола во просторот на станбено-деловениот објект во изградба лоциран на ул.„Васко Карангелевски“ во Нова Битола, во сопственост на градежното претпријатие „Пелистер“, З.М.(47) од Битола возач на работна машина „Бобкет“, извршувајќи работни задачи насипување на стопи, враќајки се наназад удрил во двајца работници.
Кај работникот Т.М.(56) од с.Крклино не се констатирани телесни повреди, а Ј.Е. (63) од Битола, откако бил изваден од под машината, со возило на Итната медицинска помош бил префрлен во Ургентниот центар на Клиничката болница во Битола, каде од страна на лекар била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.