Don't Miss
Home / Градска хроника / Логоварди доби спортско игралиште

Логоварди доби спортско игралиште

Не само во градските средини, туку и во селата во Битол­ско, се подобруваат условите за спорт и рекреација.

Таквите проекти  добиваат на приоритет, бидејќи и владините заложби се што повеќе спортски центри и објекти да се отвораат во државата, се со цел младите се повеќе да спортуваат и рекреираат би­дејќи физичката активност автоматски позитивно влијае врз нивното здравје.

Токму реа­ли­зацијата на еден таков спорт­ски проект, во петокот, ги изра­дува жителите  во  битолскот село Логоварди, откако во употре­ба  беше пуштено  повеќена­мен­ско  спортско игралиште.

На овој ветен и реализиран проект, се израдуваа сите жите­ли на селото Логоварди, осо­бе­но од помладата популација  кои бараа од Општината Битола  да се изгради игралиштето.

Битолската локална самоу­права им излезе во пресрет на жителите, предвиде средства во буџетот и пристапи во подготовка на проектна документација.

-Во почетокот на 2016 година се подготвуваше проектот за изградба на ова игралиште и штом добивме одобрение за гра­дење се пристапи кон реализаци­ја. Вкупната вредност на ова игралиште изнесува еден мили­он и 605 илјади денари – изјави Маријана  Спасевска,  раководител на одделението за комунални дејности во Општина Битола.

Со  изградбата на повеќенаменското игралиште се создаваат по­добри услови за спорт и рекреација на децата и младите од село Логоварди.

Мештаните изразија големо задоволство од реализацијата на овој за нив приоритетен проект  и одличната соработка која во изминатиот период ја имаат со градоначалникот  Владимир Та­лески  и битолската  локална самоуправа.

 

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*