Денеска, во Битола словачкиот амбасадор во Република Македонија, Мартин Безак на Здравствениот дом му подари донација од амбулантно возило за Итна медицинска помош.
Станува збор за возило марка “мерцедес“ опремено со сите потребни инструменти за давање итна медицинска помош.
-Со доделувањето на амбулантното возило, не само што се продлабочија одличните врски со Словачка, туку во добар дел ќе се подобри и возниот парк на Итната медицинска помош во Битола- истакна директорот на Здравствениот дом во Битола, Благој Радевски.
Б.В.