Живееме во мошне турбулентни времиња, кои се проследени со стрес, депресии, зависности …
Токму затоа Битолски весник од наредниот број воведува нова рубрика во која психологот и јасновитката Звездана Георгиева ќе може да ви дава совети за тоа како да ги надминете стресните ситуации и да ја чуете вашата иднина.
Звездана Георгиева, која деновиве го посети Битолски весник е единствена јасновитка по баба Ванѓа.
Таа цели 20 години дава најточни претскажувања за политиката, бизнисот, дијагностиката и личниот живот.
Звездана Георгиева има завршено психологија на Меѓународниот славјански институт во Москва.
Магистер е по социјална и трудова психологија.
Подоцна се запишува на Клиничка психологија во Русија, а моментно е магистер на Универзитетот во Калифорнија по парапсихологија.
Автор е на многубројни публикации и преку 25 години организира предавања за излекувањето на духот.
Нејзините услуги ги користеле голем број бугарски политичари и влијателни луѓе од американската политичка сцена.
Доколку сакате да добиете совет од Звездана Георгиева потребно е само да го пополните купонот кој од оваа недела ќе излегува во Битолски весник.
Б.В.