-Младите во Македонија најсилно ги почуствуваа погубните политики на актуелната власт. Според Светска Банка, невработеноста кај младите во нашата држава изнесува над 50 проценти. Во изминатиот период Универзитетот беше свесно ставен на маргините на оштеството, а професорите замолчени. Со измените на законот за високо образование ќе ги укинеме драконските казнени одредби и ќе ја вратиме универзитетската автономија. Универзитетот ќе го вратиме на студентите и професорите- порачаа денеска во Битола, младите од СДСМ.
Претседателот на СДММ Битола и кандидат за пратеник од здружената опозиција, Драган Крајовски истакна дека доколку ја освојат власта на 11 декември, ветуваат образовен систем што ќе влијае врз продуктивноста на трудот и ќе ги зголемува шансите на младите за квалитетни работни места.
-Со проектот “Гаранција за млади“, ќе овозможиме секој млад човек да добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, да добие пракса или тренинг за подготовка за вработување. После 11 декември ќе ги вратиме нашите млади кои заминаа од нашата земја во потрага по подобар живот- вети пред битолчани, Крајовски.
Б.В.