Don't Miss
Home / Градска хроника / Тракторијада во општина Могила

Тракторијада во општина Могила

Голем  саем  за земјоделство и тракторијада деновиве се одржа во општина Могила. Дваесет и пет фирми кои се занимаваат со  дистрибуција на механизација и друга земјоделска опрема, препарати за заштита и прихрана во земјоделското производство, како и компании кои даваат финансиски  услуги од областа на аграрот  беа дел од големиот настан во општината Могила.

На саемот за земјоделство, присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков,  првиот човек на општина Могила, Стево Пивковски, градоначалници од Пелагонискиот регион, претставници од Амбасадата на  Швајцарија  во Република Македонија, како и  претставници  на УСАИД.

-Во општина Могила моментно се наводнуваат 300 хектари  по системот  капка по капка, на површини на кои се застапени  пченка и градинарски култури. Ова веќе зема замав  и со новите мерки на ИПАРД програмата,  100% од могилчани ќе се опремат со нови системи за наводнување- рече  градоначалникот на општина Могила,  Стево Пивковски.

Со големиот саем во Могила всушност завршува проектот за примена на системот  капка по капка во земјоделското производство.

-На ниво на Македонија на овој начин се наводнуваат 800 хектари  земјоделска површина- посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Тракторијадата во општината Могила, беше  одлична  можност за земјоделците да  се запознаат со најсовремената земјоделска механизација и останата опрема  од страна на компании што се занимаваат со дистрибуција на ваква механизација, а воедно да се информираат за начините за добивање на средства од ИПАРД програмата на Европската Унија.

На настанот  беа доделени признанија на рекордери во земјоделско производство  како и на  личности кои дале придонес во развојот на земјоделството.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*