Пелистер – Охрид АБ 72:70
Кошаркарите на Пелистер на најдобар начин, со победа ја спуштија завесата на оваа кошаркарска сезона во Првата лига.
На последната средба која се одигра во Битола, во спортската сала “Младост“, ја победија екипата на Охрид АБ, мининално само со два коша разлика.
Благодарение на големото засилување, Фил Хокинс, Пелистер го забележа третиот триумф сезонава и со победа ја заврши 2016 година, во доста неизвесен натпревар.
За кошаркарите на Пелистер овој триумф е уште посладок, ако се земе предвид дека на стартот на сезоната беа поразени токму од охриѓани и на најдобар можен начин му се одмазди на АВ Охрид. “Пелистерци“ славеа со минимални 72:70 по четвртини 18:20, 17:15, 22:19, 15:16) за трета победа сезонава.
Двете страни си го предаваа -водството во текот на целиот натпревар, во последната минута се влезе и со егал (70:70), но доминатната игра на битолчани и под обрачите влијаеше за крајниот исход.
Младеновиќ не реализира за предност, Анакиевски ја прифати топката, а Фил ја уфрли во противничкиот обрач за конечни 72-70.
Анакиевски со 21 поен беше најефикасен во победничкиот тим на Пелистер. Андрејевиќ постигна 17 поени, двоцифрени беа уште Голубовиќ (11) и Фил (10).
По осум одиграни кола, оваа полусезона екипата на Пелистер се наоѓа на шестото место на табелата, со вкупно 11 бодови. шест бода “пелистерци“ прокнижија од три победи по два бода, а петте порази “им донесоа“ пет бода.
Наредното деветто коло ќе се одигра идната година на 21 јануари, Пелистер ќе им биде домаќин на кошаркарите на Вардар, кои се наоѓаат на последното место на табелата, а кошаркарите на Пелистер се надеваат на нови два бода.
Сашо Ристевски