Don't Miss
Home / Uncategorized / Наскоро стартува судскиот процес “Транспортер”

Наскоро стартува судскиот процес “Транспортер”

Најдоцна до вторник, или в среда нареднава недела   ќе се знае  точниот датум за првото судско рочиште за предметот „Транспортер”.

Според  агенцијата Макфакс од Кривичниот суд, до судијата Горан Бошевски се уште пристигнуваат приговорите на обвинетите на  содржината на обвинението и откако ќе заврши оваа фаза, предметот ќе може да биде испратен на натамошно постапување.

Случајот „Транспортер” беше еден од предметите што СЈО ги презеде од редовните обвинителства, поточно од битолското обвинителество.

Во конкретниот случај, се товарат градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, како и претседателот на Комисијата за јавни набавки, Слободан Бончановски,  кои во договор со директорите на училиштата и раководните лица на неколку превозни компании, организирале превоз за учениците во општината, за кој во СЈО  рекоа дека бил „поскап  и од оној во Токио”.

СЈО за 11 лица достави предлог за притвор, а беше побарана и забрана за располагање со имот, како и конфискација за 3 стана, 6 патнички возила и 33 автобуси. Градоначалникот Талевски доби куќен притвор, кој двапати му беше продолжуван.

Случајот „Транспортер” е трет предмет за кој СЈО покрена обвинение. Случаите „Тврдина 2” и „Насилството во Центар” веќе се во судска постапка, јавува агенцијата Макфакс.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*