Don't Miss
Home / Uncategorized / Директорите на училиштата на распит кај советниците

Директорите на училиштата на распит кај советниците

Откако со законските измени е продолжен мандатот на советниците, Советот на општината Битола, по подолга пауза, утре на 23 јуни ќе ја одржи својата 65  седница.

На дневен ред  на седницата се наоѓаат  дури 36 точки.

На оваа седница на дневен ред пред советниците ќе се најдат завршните сметки на сите основни и средни училишта, како и детските градинки.

В петок директорите на сите основни и средни училишта ќе бидат на отчет пред  советниците, кои ќе бидат информирани за нивното работење во минатта година.

Меѓу другите позначајни точки од оваа седница се и точката за продажба на пакетот акции со кои располага општината Битола на ракометниот клуб Пелистер, а советниците треба да донесат одлука и за издвојување  на 1.500.000 денари за фудбалскиот клуб Пелистер за доизградба на  соблекувалните на Градскиот стадион под Тумбекафе.

На седницата на Советот советниците треба да донесат одлука и за издвојување на 6.165.000 денари, или  100.00 евра за почеток на реставрацијата на  Офицерскиот дом и неговото партерно уредување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*