Don't Miss
Home / Uncategorized / Едно комбе обвиненија за Кабинетот на Груевски

Едно комбе обвиненија за Кабинетот на Груевски

Специјалното јавно обвинителство веднаш по прес-конференцијата ги достави обвинителните акти во Кривичниот суд со што започнува судската постапка. Доказните материјали за вкупно 17 обвиненија сместени во кутии влегоа во надлежниот суд.

Неколку службени возила на обвинителството го обезбедуваа комбето кое ги донесе обвиненијаата на влезот од Кривичен. Дел од документите архивирани во факсимили,  а пообемните предмети сместени во кутии.

Најобемен е предметот „Траекторија“ за чии докази биле потребни пет пакети кои еден по еден се носеа во Кривичниот. Во „Тракеторија“ се истражуваа сомневањата околу изградбата на патниот правец Миладиновци – Штип. Тројца поранешни владини функционери се товарат дека фаворизирале компанијата во јавната набавка и го оштетиле државниот буџет со 155 милиони евра.

Првата истражна постапка која ја отвори СЈО за изборни нерегуларности под предметот „Титаник“ ја собрало во две кутии. Дваесет лица во овој предмет се товарат за злосторничко здружување и кривични дела против изборите и гласањето.

Во „Тортура“ на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и на шест припадници на специјалната единица Алфи ќе им се суди за апсењето на Љубе Бошковски.

„Тревник“ се однесува на незаконитости во изградбата на викендички во Зелениково. Обвинети во овој предмет се новинарот Драган Павловиќ Латас и неговите двајца браќа.

Предметот „ТНТ“ спакуван во пакет ги содржи доказите за рушењето на објектот „Космос“ во сопственост на бизнисменот Фијат Цановски.

Предметот „Трезор“ беше првиот на СЈО за економски криминал. Пет лица од Министерството за внатрешни работи и од УБК се товарат дека го оштетиле државниот буџет за 860.000 евра, прибавувајќи имотна корист за правното лице „Финзи“ ДООЕЛ, а преку набавка на опрема за прислушување.

Во предметот „Тендери“ се обвинети три лица за набавки вршени преку Министерството за внатрешни работи, а во користе на штипска компанија.

Во Топлик“ покренато е обвиненија за шест лица, а се однесува на продажба на градежна парцела за изградба на резиденцијалната населба „Сончев град“.

„Тенк“ кој ги истражуваше околностите околу набавката на мерцедесот вреден шестотини милиони евра, носи обвинение против поранешниот премиер Никола Груевски за примање награда за противзаконито влијание.

Меѓу предметите за кои е покренато обвинение се и предметите „Тарифа“ за набавка на софтвер од АД ЕЛЕМ, „Тифани“ во кој новинарката Ивона Талевска се товари за даночно затајување, „Триста“ за набавка на возила во МВР, и „Труст“ во кој е опфатен бизнисменот Сеад Кочан и вкупно три фирми за тендер на ЕЛЕМ вов рска со ископ на јаглен и јаловина од Суводол.

 

Како што соопштија од СЈО предметите „Тврдина“ и „Таргет“ за незаконското прислушување и набавка на опремата се споени и е поднесено обвинение против 4 лица.

 

Со ова Специјалното јавно обвинителство го запази рокот за поднесување обвиненија кој истекува задутре.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*