Судот објави нови одлуки по барањата за притвори од страна на СЈО, според кои Кривичниот совет го одбил барањето за мерка притвор за Елизабета Канческа-Милевска, Владимир Пешевски и Тони Трајковски, градоначалникот на Гази Баба. Донесена е одлука да им се одземат пасошите и еднаш неделно да се јавуваат во Суд.
За Груевски, Мијалков, Јанкулоска и Јанакиески Судот ќе објави по донесување на одлуките, нивна писмена изработка и достава до странките во постапката.
Сите одлуки кои денеска ги објави Судот:
- Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 18/17 во јавноста познат како „Тарифа“ за определување мерки за претпазливост против Д.Б., М.С. и Н.Ѓ., се уважуваат и на обвинетите им се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и Привремено одзмање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.
- Прелогот кој е дел од предметот КОК ООА бр. 19/17 во јавноста познат како „Трезор“ за определување мерки за претпазливост против Н.С., делумно се уважува и на обвинетиот му се определуваат мерки за претпазлиовст – Привремено одземање на службена патна исправа и забрана за издавање на нова службена патна исправа, и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.
- Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 21/17 во јавноста познат како „Титаник 2“ за определување мерки за претпазливост против М.Т., Б.И., С.С., Б.Н.П, Б.А., А.Џ. и Г.Ф., се одбиваат како неосновани.
- Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 22/17 во јавноста познат како „Топлик“ за определување мерки за претпазливост против Т.Ѓ., Д.Д., М.Т., Д.Г. и В.Т., се уважуваат и на обвинетите им се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и Привремено одзмање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.
- Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 23/17 во јавноста познат како „Тендери“ за определување мерка притвор против Е.К.М. и Л.Л.Ц., се одбиваат како неосновани, по повод предлогот по службена должност им се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и Привремено одзмање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа. Додека предлогот за определување мерки за претпазливост против Ј.У.и тоа – Обврска обвинетиот секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и Привремено одзмање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа, се уважува.
- Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 24/17 во јавноста познат како „ТНТ“ за определување мерки за претпазливост против А.Д.А, Е.Н., Н.Р. и М.З., се уважуваат и на обвинетите им се опредлуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен вторник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа. Предлогот за определување мерка притвор против Т.Т., се одбива како неоснова, а по повод предлогот по службена должност му се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот секој работен вторник да се јавува кај надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.
- Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 25/17 во јавноста познат како „Траекторија“, за определување мерка притвор против В.П., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот секој работен вторник да се јавува кај надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа. Предлогот за определување на мерки за претпазливост против Љ.Г., се уважува и му се определуваат горе наведените мерки за претпазливост.
- Предлогот кој е дел од предметот КОК ООА бр.26/17 за определување мерка притвор против Ѓ.П., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му се опредлуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот секоја работна среда да се јавува кај надлежно службено лице во судот, Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и привремено одземање на службена патна исправа и забрана за издавање на нова.