АД ЕСМ и подружницата на РЕК „Битола“, во рамките на општествената одговорност, денеска донираа целосно опремен кабинет за изведување на настава по европски стандарди во гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола.
Вкупната вредност на донацијата изнесува 700.000 денари.
Денеска гимназијата „Јосип Броз Тито“ слави 75 години од почетокот на изведување на настава на македонски јазик.
Оваа гимназија, каде настава посетуваат вкупно 700 ученици е вистински
расадник на квалитетни кадри. Тука своето гимназиско обрзование го
завршиле 18 академици, а од неа произлегле и 6 градоначалници на Битола,
три ректори и неколку конзули.
Во рамките на свеченостите, по повод овој голем јубилеј, вечерва во Народниот театар во Битола ќе се одржи свечена академија.