Home / Uncategorized / АД ЕСМ издвои над 400 илјади евра за подобра животна средина во Битола, Новаци и Могила

АД ЕСМ издвои над 400 илјади евра за подобра животна средина во Битола, Новаци и Могила

          

АД ЕСМ и РЕК Битола годинава издвоија околу 25 милиони денари за трите пелагониски општини – Могила, Новаци и Битола врз основа на Законот за животна средина и Методолодијата за распределба на средства од произведена електрична енергија од фосилни горива.

 Од нив, над 14 милиони денари се за Општина Битола, над 6,5 милиони денари за Општина Новаци и над 3 милиони денари за Општина Могила.

Ова го изјави рвиот човек ан АД ЕСМ, Васко Ковачевски, кој денеска заедно со градоначалничката на Могила  свечено го пушти нивот парк во центарит а селото кој е изграден со средства на АД ЕСМ.

Паркото  во селото Беранци се гради токму се тие средства, а вакви паркови во Општина Могила се градат во уште неколку населени места. Овие проекти се потврда за соработката која компанијата и општините ја имаат со цел квалитетна и сеопфатна заштита на животната средина.

Инаку генералниот директор на АД ЕСМ, Ваксо Ковачевски денеска во бернаци ја најави големата еколошка акција на почетокот на декември кога ќ бидат  засадени  нови 50.000 багремови садници.

-Дел од нив ќе бидат во близина на с. Логоварди и с. Агларци, со што ќе се обидеме конечно после многу најави во минатото, да го формираме зелениот појас околу РЕК Битола, дополнително да ја заштитиме животната средина и да го зачуваме здравјето на жителите во населените места кои гравитираат околу најголемиот производител на електрична енергија во земјава, изјави Ковачевски во Бернаци.

М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*