Лидерот на ДУИ и носител на листата кандидати за пратеници во шестата изборна единица Али Ахмети вечерва во Битола пред членови и симпатизери на партијата ја претстави платформата и програмските цели и обврски кои ќе бидат преземени кон нивните поддржувачи.
Во своето предизборно обраќање, Ахмети истакна дека очекува преку програмата да се подобрат услугите кои граѓаните албанци треба да ги добиваат од општина Битола.
– Средбата со граѓаните на Битола беше многу интересна и притоа беа инцирани повеќе работи меѓу кои и дека градоначалникот на општина Битола треба да има подобра комуникација со граѓаните албанци во овој град, како и да се подобрат одредени состојби од сферата на образованието и културата бидејќи тоа е обврска согласно закон и во насока на правата кои им припаѓаат. ДУИ има Платформа и изборна програма од која денес извлековме пораки за локалните и централните власти дека не треба да се неми кон елементарните барања на албанците во овој град, рече меѓу другото Ахмети за време на вечерашниот митинг во Битола.
За програмата на ДУИ и сегментите кои се однесуваат на ИЕ5 говореше носителот на листата кандидати за пратеници Агим Шакири.
Б.В.