АД ЕСМ,заедно со подружницата на РЕК “ Битола “ и здружението на поранешни акцијаши “Пелистер “ од Битола, денеска ја почнаа акцијата за засадување на 50 илјади садници на копот кај РЕК “ Битола”.
Сите 50 илјади садници ќе бидат од багрем, како што на претходната акција предложија од Министерството за земјоделие на Македонија, бидејки тие се покажаа како најоптимални за опстојување на овој простор и на таа почва.
-Со минатогодината акција, кога исто така беа засадени 50.000 садници со багрем, за само две години, откако со ЕСМ раководи новиот менаџмент ќе бидат засадени вкупно 100.000 илјади садници под багрем.Тоа е една третина од сите досега засадени саднции откако постои Комбинатот РЕК “ Битола “, што е најдобра потврда за посветеноста на ова раководство на подобрување на животна средина и околина, рече првиот човек на АД ЕСМ Васко Ковачевски.
За значењето на акцијата директорот на Подружницата на РЕК “ Битола”, Златко Ќурчиевски истакна дека овие 50 илјади садници кои денеска почнаа да се садат во РЕК “ Битола “ се садат во делот на старите одлагалишта со пепел, се со цел да се спречи понатамошното загадување околината и ерозијата на земјиштето.
Новина оваа година е што со акцијата практично почна се реализира т.н. “ зелен појас” во атарот на селата Агларци и Логоварди.
Во акцијата за засадување багремови садници се вклучија и волонтерите на здружението “Пелистер” кое главно го сочинуваат поранешни акцијаши и бригадири од Битола, како и градоначалниците на Новаци Могила, Љубе Кузмановски и Јасмина Гулевска.