Home / Uncategorized / Пристапни рампи од ФОД за ОУ “ Климент Охридски “

Пристапни рампи од ФОД за ОУ “ Климент Охридски “

         

          По повод 30 години од започнувањето со работа на ОУ “Св. Климент Охридски” Битола, ни претставува чест да најавиме низа активности со кои ќе го одбележиме овој наш јубилеј.

        Денеска сакаме да промовираме една новина во нашето училиште. Имено, се работи за нова пристапна рампа за лица со инвалидитет за која се обративме до ДООЕЛ ФОД Новаци за да ја изработат за да можат овие ученици непречено да посетуваат кабинетска настава.

     ДООЕЛ ФОД Новаци како општествено одговорна компанија позитивни одговори на барањето и во оваа прилика сакам да изразам огромна благодарност до директорот Методија Тасевски и вработените на ДООЕЛ ФОД за оваа донација и за нивната хуманост.

    Со ова, нашата институција станува прва образовна институција во Битола која овозможува непречен пристап за ваквите ученици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*