Home / Вести / Актери и организаторите на Фестивалот на монодрамата на прием кај градоначалникот Коњановски

Актери и организаторите на Фестивалот на монодрамата на прием кај градоначалникот Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, беше домаќин на средбата со претставници на делегациите и организаторите на 25 издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата, кој деновиве се одржува во Битола.

На средбата, тој истакна дека е голема гордост градот Битола да е домаќин на веќе етаблираниот во светски рамки Фестивал на монодрама, а Општина Битола и натаму ќе ја продолжи долгогодишната соработка и поддршка на овој значаен репрезент на културата.

Директорката на Центарот за култура Маја Андоновска-Илијевски посочи дека поддршката на Општината е многу значајна за самиот фестивал, особено за учесниците, актери од целиот свет, за кои и оваа средба претставува особена чест.

Огромно беше задоволството на претставниците од државите учеснички од средбата со градоначалникот Коњановски.

Делегациите од Бугарија, Турција, Ерменија, Казахстан и Обединетите Арапски Емирати, се воодушевени од градот, архитектурата, посетеноста на претставите од страна на публиката и топлината со која се пречекани од домаќините.

Учесниците од градоначалникот добија подарок во знак на сеќавање на оваа заедничка средба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*