Don't Miss
Home / Економија / Акумулацијата „Стрежево“ со рекордна количина акумулирана вода

Акумулацијата „Стрежево“ со рекордна количина акумулирана вода

Генералниот директор на ЈП „Стрежево“-Битола, Марјан Героски денеска соопшти дека акумулацијата „Стрежево“ во моментов има 95 милиони кубни метри вода и тоа претставува рекордно акмулирана вода од историјата на акумулацијата.

gerovski

Од ЈП „Стрежево“-Битола, компанија која стопанисува со вештачката акумулација информираа дека може да се соберат уште 25 милиони кубни метри вода, но во овој период мора да се врши и испуштање на дел од акумулираните колични.

– Мора да вршиме испуштање на дел од водата за да не дојдеме во ситуација да не сме во можност да ги собираме новодојдените води. Интересно е што за време на обилните дождови, за само три дена во акумулацијата собравме околу 8,5 милиони кубни метри вода, а во еден ден ни се случи да регистрираме 3,2 милиони кубни метри вода што исто така претставуваше несекојдневен рекорд. Во тој период ЈП „Стрежево“-Битола одигра важна улога во заштитата од поплави на населените места во потпелистерскиот дел. Сакам да истакнам дека во овој момент имаме и висок процент на наплата на услугата од страна на корисниците, а на земјоделците кои беа оштетени од поплавите им овозможивме своите обврски кон ЈП „Стрежево“ да ги подмират до крајот на месецот, истакна директорот  Героски.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*