Don't Miss
Home / Политика / Александар Кирацовски: Од дваесет до 50 милиони евра поддршка за стопанството

Александар Кирацовски: Од дваесет до 50 милиони евра поддршка за стопанството

СДСМ денеска пред стопанствениците одржа  презентација на економскиот дел од  програма во кој се содржани мерките кои произлегуваат на нивно барање. Најавија целосно повлекување на репресивните мерки и рацете на политиката од бизнис секторот, што како што велат од СДСМ оваа власт ги постави.

-Инспекциските служби првенствено ќе имаат едукативна и опоменувачка улога, а казните ќе бидат преполовени и прилагодени на финансиската моќ на фирмите.  Странските инвестиции ги респектираме, но  пред се ќе ги поддржиме домашните. За поддршка на домашното стопанство годишно ќе издвојуваме од дваесет  до 50 милиони евра.  Покрај неповратните 10.000 евра за почетни бизниси, покрај навремената исплата на долговите од државата кон фирмите заедно со повратокот на ДДВ, покрај финансиската поддршка за секое ново вработување. За секое мало и средно претпријатие, кое може да обезбеди 15%сопствено учество за инвестициски проект, државата преку МБПР ќе обезбеди гаранција во висина од 75% од инвестицијата. Пример ако некое трговско друштво сака да реализира инвестиција во висина од 100.000 евра, за 75.000 евра ќе добие соодветна гаранција. Рокот на отплата на ваквите кредити би бил до 10 години- најави денеска во Битола, Александар Кирацовски, кандидат за пратеник од здружената опозиција предводена од СДСМ.

Кирацовски најави државна гаранција за краткорочни кредити за обртни средства до износ од 30,000 евра.  Заеми за Франшиза и заеми за мешовити инвестиции во висина до 50.000 евра.

Претприемачите кои сакаат да откупат франшиза за познат бренд, ќе можат да конкурираат за заем во висина до 50.000 евра со 1% каматна стапка; и пет  години рок на отплата.

За заеми под исти услови ќе може да конкурира и секој граѓанин на Република Македонија, кој за отворање на нов бизнис ќе привлече странски партнер кој би вложил барем 30% од вкупната инвестиција- најави Кирацовски.

 

 

Б.В.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*