Don't Miss
Home / Спорт / Андон Бошковски останува во Еурофарм Работник

Андон Бошковски останува во Еурофарм Работник

Првиот стручњак на екипата на Еурофарм Работник, Андон Бошковски и официјално останува тренер на битолските “ фармацевти”. Деновиве раководството на Еурофарм Работник и Андон Бошковски  потпиешаа едногодишен договор со дополнителна можност за плус уште една сезона.

„Останувам во Еурофарм Работник. Задоволството од добрата соработка е заемно и веќе мислиме и работиме на конструирање на тимот за следната сезона”, потврди Андон Бошковски.

Инаку Еурофарм Работник во моментов е во преговори со ракометарите за задржување на костурот на екипата, кој ќе биде освежен со неколку нови имиња, меѓу кои се споменуваат и репрезентативците Филип Лазаров, Гоце Ојлески и Велко Маркоски.

Дали во наредниот период ќе дојде до нивно ангажирање. Но како што стојат работите Еурофарм Работник е на добар пат да ја засили својата екипа за новото првенство  и за натпреварите од меѓународната ракометна  сцена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*