Don't Miss
Home / Македонија / Апелација му изрече две години затвор на Владо Бучковски

Апелација му изрече две години затвор на Владо Бучковски

Апелацискиот суд им изрече затворски казни на поранешниот премиер Владо Бучковски и на ексначалникот на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски, поради случајот со набавките на тенковски делови. Со тоа, повисокиот суд им ги намали казните на Бучковски и на Стамболиски, кои им беа изречени во првостепена постапка, од три на две години затвор.

Апелацискиот суд ја преиначи одлуката и во однос на другите обвинети во случајот во оснос на кривичните санкции кои ги ги изрече првостепениот суд. Па така, на Ацо Ѓурчевски, поранешниот државен советник во Министерството за одбрана и на Нелко Менкиновски, како и на директорот на МЗТ ФОБ Митре Петковски наместо затворски, им се изречени условни казни.
-На обвинетите им се изрекува алтернативна мерка – условна осуда во која за секој од нив пооделно се утврдува казна затвор во траење од по една година која нема да се изврши доколку тие во време од 3 години по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело, соопшти судот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*