И покрај тоа што од Владата граѓаните се уверуваат дека поради кризата со корона вирусот ќе бидат пролонгирани отплатите на кредитите, за жал реалноста не е таква.
Имено банките преку кол центрите постојано им се јавуваат на корисниците на кредити за плаќање на ратите и каматите.
Исто така мошне ригорозни во наплатата на кредитите се и финансиските друштва кои на граѓаните кои доцнат со отплатите само неколку дена им се закануваат со провизи и казни.
Зато е нужно проблемите со отплатата на кредитите со банките што поскоро да се решат, за да граѓаните не бидат во неизвесна ситуација.