Don't Miss
Home / Uncategorized / Бараа итна седница, а не дојдоа на седница

Бараа итна седница, а не дојдоа на седница

               

           Во битолскиот Совет и тоа се случи.

          Иако опозицијата  вчера бараше свикување на вонредна седница на Советот на  која ќе се донесат итни мерки за справување на општината Битола со загадениот воздух, денеска на седницата присуствуваа само четворица членови на опозиционата ВМРО ДПМНЕ.

          Кворумот на седницата и овој пат како  што е  и вообичаено го направи мнозинството во Советот, кое го сочинуваат членови на СДСМ.

          Интересно е што на вонредната седница не дојде ни советничката на ВМРО ДПМНЕ, Олга Лозановска, која во текот на вчерашниот ден пред општинската зграда одржа прес конференција на  која бараше свикување на  вонредна седница на Советот.

На тој начин уште еднаш се потврди неодговорниот однос на дел од советниците, кои за проблемите на граѓаните се грижат колку за ланскиот снег.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*