Во Собранието стигнало барање од судот за укинување на пратеничкиот имунитет за пратениците Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски. Барањето потпишано од судијата Ненад Савески како судија на претходна постапка е адресирано до претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Тројцата пратеници се обвинети според член 313 од Кривичниот законик за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за што е предвидена казна затвор од најмалку 10 години. Неофицијално, до Собранието е пристигнато уште едно барање, но нема информации за кој пратеник станува збор.