Home / Спорт / Без книговодствено усогласување нема купо-продажба на РК Пелистер

Без книговодствено усогласување нема купо-продажба на РК Пелистер

ОВо врска со купо-продажбата ан РК Пелистер денеска со соопштеие се јавија од општината Битола. Во соопштението мегу другото се вели

Општина Битола со политиките на градоначалничката Наташа Петровска се залага за транспарентност, што е потврдено и со прворангираното место по транспарентност на општината од страна на Центарот за граѓански комуникации.

Во таа насока, го доставуваме на увид на јавноста предлог договорот за уредување на капиталната и управувачка структура на двата ракометни клубови, кој што треба да биде усвоен на седница на Совет. Истиот е изработен после низа состаноци кои се одржуваа по донесените одлуки од Советот, кои дефинираа чекори од постапкаата. За да се реализира истиот, согласно договорот и член  4   од него, треба да биде извршено книговодствено усогласување. До овој момент градоначалникот на Општина Битола нема добиено уредна документација од РК „Пелистер“, со која се потврдува книговодственото усогласување.

На крајот од минатата недела добиен е мејл од страна на „Еурофарм“ во кој што се бара книговодственото усогласување да се изврши, по што градоначалникот во втор наврат вчера испрати дополнителен допис до Управниот одбор на РК „Пелистер“. Завршницата на процесот зависи исклучително од спроведувањето на книговодственото усогласување. 
Засега останува непознато кој го одолговлекува книговодствено пораменување.

Но воедно се поставува прашањето зошто без книговодствено усогласување воопшто се пушти идејата за купо-продажба на РК Пелистер.

Дали најпрво не требаше да се направи книговодствео усогласување па подоцна да се почнат преговори за купо-продажба на РК Пелистер и дали со ваквото одолговлекување не му се нанесе огромна штета на РК Пелистер, чија судбина неколку месеци виси ни наебо ни на земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*