Во пресрет на 30 роденден на навивачката група „Чкембари“, општина Битола и јавното претпријатие “Комуналец“ изработија билборд кој го означува собирното место на навивачите, а истовремено и поддршка што во континуитет ја добива навивачката група од битолската локална самоуправа.
Билбордот е поставен на почетокот од градското шеталиште.
-На предлог на ЈП “Комуналец“ се одлучивме неколку делови од градот да ги означуваме со одредени значајни содржини- симболи на градот. На ова место каде што се славеле сите успеси, но и се тагувало за одредени неуспеси, на почетокот на градското шеталиште поставивме еден знак за кој цениме дека има големо значење за општината, а пред се за навивачката група „Чкембари“, изјави градоначалникот на општина Битола Владимир Талески.
Општина Битола со добивањето на ингеренциите во спортот се обидува и веќе реализира повеќе проекти кои водат кон инфраструктурно и организационо подобрување на условите, што пак треба да донесе нови високи резултати како во фудбалот, така и во ракометот.