Home / Економија / БиМилк додели лактофризери за кооперантите, производители на овчо млеко

БиМилк додели лактофризери за кооперантите, производители на овчо млеко

Битолската млекарница започна со реализација на една од фазите за поддршка на развојот на овчо сурово млеко, инвестиција во набавка на 20 лактофризери кои ќе им бидат доделени на користење на кооперантите на БиМилк за овчо млеко.

bi milk 3

-Станува збор за опрема во износ од сто илјади евра која има капацитет за складирање на 10 до 15 тона овчо млеко на дневна основа. Со оваа опрема БиМилк  ќе го зголеми потенцијалот на кооперантите на млекарницата за производство на квалитетно сурово овчо млеко а воедно ќе го зголеми и количеството на откуп на суровото млеко достапно за откуп на млекарницата- изјави Полексена Ристевска, маркетинг- менаџер во БиМилк.

Од БиМилк најавија уште многу слични проекти во иднина за поддржување на развојот на домашната суровина се со цел квалитетен баланс на квалитетот на суровото млеко и количината на суровото млеко согласно плановите и капацитети на битолската млекарница.

Кооперантите на битолската млекарница го изразија задоволството од соработката со БиМилк, особено од оваа најнова инвестиција која ќе го подобри квалитетот на млекото.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*