Битолското културно лето, популарно наречено од неговиот творец Владимир Талески било пералница за перење пари. Средствата во износ од над 220.00 евра колку што Талески потрошил за годинашниот Бит фест Талески ги делел без никакви критериуми и по свој вкус.
Притоа тој дебело ги наградил некои свои блиски приајтели и поддржувачи, додека на луге кои навистина имаа издржани проекти не само што не ми ги помогнал проектите, туку едноствано не ги зел во обзир.
Талески криејки се зад Бит фест на голем број свои пријатели и фирми блиски до него едноставно им доделил толку многу пари, што и самите биле изненадени од неговата дарежливост.
Сега, кога во јавноста излегоа имињата и презимињата на лугето кои добија пари од Бит фест многумина го поставува прашањето дали за Бит фест не се крие дебел криминал под покровителство на Талески.
Ако за овој фестивал Талески потрошил над 220.000 евра,кога тој знаел дека нема да биде повеке градоначалник се поставува прашањето колку пари Талески потрошил во сите изминти 10 години колку што го организираше фестивалот.
Според информации на порталот на Битолски весник Владимир Талески за сите изминати години потрошил над 5 милиони евра за Битфест. Кои од овие милионски суми на пари се добивал пари тоа го знае само Талески и тие кои добиваа пари од него.
Затоа јавноста во Битола со право бара детална анализа и целосна ревизија за трошењето на парите за Бит фест, бидејки сомневањата зборуваат дека преку овој фестивал се переле големи суми на пари за поединци и фирми блиски до Талески.